Виорот на војната во Украина зема уште една жртва од полето на спортот, еден од убиените е тренер во младинскиот тим на Шахтјор.
Извршниот директор на тимот, Сергеј Палкин, ја потврди веста, велејќи дека загинал бранејќи ја татковината.
„Еден од нашите вработени е убиен, тој беше младински тренер. Беше погоден од руски куршум“, потврди Палкин.
Шахтјор е еден од најуспешните украински клубови, особено во поновата историја. Има освоено 13 лига титули, 13 украински купови, и девет суперкупови и УЕФА куп.
Пред само два дена беа убиени и двајца украински фудбалери.