Репортерката на Ал Џезира денеска е убиена во престрелка на израелската армија на окупираниот Западен Брег, јави катарскиот канал, додека армијата од друга страна соопшти дека можеби била убиена од Палестинци додека се судриле со нејзините војници.
Палестински официјален претставник изјави дека израелските сили „ја убиле Ширин Абу Аклех“ додека известувала за рацијата во градот Џенин, каде воените напади се интензивираа во последните недели, бидејќи насилството се зголеми, пренесува Ројтерс.
Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на новинарката и соопшти дека е ранет уште еден известувач Али Самоди.