Воен дописник на руската новинска агенција РИА Новости загина, а уште тројца руски новинари се ранети денеска при украинско гранатирање во близина на линијата на фронтот во областа Запорожје, соопшти руското Министерство за одбрана.

РИА Новости објави дека нивниот воен дописник Ростислав Журављов е убиен.

Министерството соопшти дека Киев извршил напад врз новинари користејќи касетна муниција.

Повреден е фоторепортерот на РИА Новости Константин Михалчевски, како и дописниците на руската агенција „Известија“ Роман Полшаков и снимателот Дмитриј Шиков, јави ТВ РЕН.

By Author