Снимателот и новинар Брент Рено е убиен во близина на Киев, потврди шефот на регионалната полиција.
Наградуваниот видео новинар Брент Рено (51) беше застрелан кога руските сили отворија оган врз автомобил во близина на Ирпин. Колегата кој со него известувал од регионот на Киев е ранет и моментално е во болница, објави британски Гардијан.
Белоруската новинска агенција Nexta наведува дека началникот на полицијата на регионот Киев потврдил дека Рено е убиен, како и дека неговиот колега се лекува од повреди.
Иако првите извештаи сугерираа дека тој е новинар на Њујорк Тајмс, медиумите објавија соопштение за трагичната смрт на поранешен колега, нагласувајќи дека тој не бил на задача за Тајмс во Украина.
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Брент Рено. Иако тој претходно имаше голем придонес во работата на Њујорк Тајмс, тој не беше на задача во Украина. Првите извештаи дека работел за Тајмс дојдоа бидејќи носел Тајмс прес-картичка за задача пред многу години“, се вели во соопштението на медиумите.
Руските сили денеска ја продолжија офанзивата на Киев, но голем број напади беа насочени и кон Лавов, град во близина на границата со Полска.
Во гранатирањето на воената база кај Лавов загинаа 35 лица, а околу 134 беа ранети.