ТУРЦИЈА одби да прифати сочувство од Соединетите Американски Држави по терористичкиот напад во Истанбул, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

– Знаеме од каде е координиран нападот. Ја добивме пораката и знаеме за што се работи. Не прифаќаме сочувство од Амбасадата на САД. Ние не сме лоши кон никого, но повеќе не можеме да ги толерираме овие подли постапки. Улицата Истиклал е наше дете. Да не го фатевме напаѓачот, тој денеска ќе побегне во Грција – рекол министерот, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави дека САД го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул и им изразува сочувство на семејствата на жртвите.

By Author