Туристички брод со 26 патници и членови на екипажот се преврте на северот на Јапонија по повикот за помош и дојавата дека почнал да тоне, соопшти локалната крајбрежна стража.

Никој се уште не е пронајден, дури и по седум часа интензивна потрага, во која беа вклучени шест патролни чамци и четири хеликоптери.

Екипажот испратил повик за помош, наведувајќи дека лакот на бродот бил поплавен и дека почнал да тоне додека поминувале по брегот на полуостровот Ширетоко, соопшти крајбрежната стража.

Тогаш бил изгубен контактот со бродот на кој имало 24 туристи, меѓу кои две деца, а на него имало и двајца членови на екипажот.

Во моментот кога бродот исчезнал биле пријавени високи бранови и силен ветер, поради што многу рибарски бродови се вратиле на пристаништето, јавуваат јапонските медиуми.

Оттаму додаваат дека е издадено предупредување за бранови високи до три метри.

By Author