Медиумите јавуваат дека токсичниот облак е ставен под контрола.
Триесет лица се затруени денеска во градот Вербанија, во северна Италија, поради истекување на гас од хемиска фабрика, а три лица се хоспитализирани, јавуваат локалните медиуми.
Агенцијата АНСА наведува дека истекувањето се случило во фабрика за галванизација која припаѓа на паневропската фабрика „Галванопласт“.
Карабинерите, полицијата, пожарникарите и истражителите за индустриските несреќи биле повикани на местото на настанот.
Засега не е познато што точно го предизвикало труењето, а можно е штетниот гас да истекол кога по грешка натриум бисулфат бил измешан со некоја киселина.