Осум лица загинаа за само два дена откако третата смртоносна лавина се случи во Австрија.
Едно лице загина, а четворица се повредени вчера во лавина во западна Австрија, еден ден откако уште две лавини усмртија седум скијачи, пренесува лондонски Гардијан.
Австриската телевизија ОРФ објави дека лицето кое загина во саботната лавина во општина Смирна, во покраината Тирол, е 58-годишен жител.
Во истата провинција, 42-годишен австриски водич за планина и скијање и четворица шведски скијачи, сите мажи на 40-годишна возраст, загинаа во петокот кога лавина во близина на градот Спиес на границата со Швајцарија целосно ги затрупа, соопшти полицијата.
Преживеаниот член на оваа група, 43-годишен Швеѓанец, успеал да повика помош и бил спасен, соопшти полицијата и потврди дека во третиот инцидент загинале двајца Австријци, скијачи, пренесува Танјуг.
Планинската спасувачка служба ги пронашла телата на двајцата австриски скијачи, 61-годишна жена и 60-годишен маж, во саботата во 4 часот по средноевропско време, откако нивните роднини алармирале кога веќе не можеле да контактираат со нив соопштила полиција.