Најмалку десет лица загинаа, а 251 се повредени во истекување на отровен гас во пристаништето Акаба на југот на Јордан, соопштија властите.

Според портпаролот на Управата за јавна безбедност, истекувањето дошло откако при транспортот паднал резервоарот со отровен гас, пренесува Ројтерс.

Властите ја затворија областа откако ги префрлија повредените во болници и испратија експерти на местото на настанот, пренесува АП.

На видеото кое го пренесоа државните медиуми се гледа како кранот го крева резервоарот од камионот и го спушта на палубата на бродот, поради што се појавил жолт чад, а работниците на пристаништето побегнале.
Локалните здравствени власти ги повикаа граѓаните да ги затворат прозорците и да останат во своите домови, јавува државната телевизија

By Author