Иако истрагата се уште е во тек, неофицијалните информации говорат дека двајцата претходно не се познавале
Непознат маж денеска бил удрен од воз додека се обидувал да спаси жена која се заглавила на шините на станицата Кингс Крос во Лондон.
Тој се здобил со сериозни повреди на главата и веднаш бил пренесен во болница. Жената што ја спасил, а според британските медиуми, најверојатно била странски државјанин, останала неповредена.
Иако истрагата се уште е во тек, неофицијалните информации говорат дека двајцата претходно не се познавале.
– На местото на настанот има голем број полицајци, транспортот засега е прекинат – изјави еден очевидец во објавата што ја сподели на Твитер.
Засега нема информации дали животот на повредениот е во опасност.