Во пожар во прифатилиште за бегалци во источна Германија загина едно лице, а најмалку осум се повредени, соопшти локалната полиција.
Полицијата на германската покраина Тирингија соопшти дека пожарот избувнал околу 5 часот во зградата во градот Аполда и дека едно лице загинало.
Засолништето, во кое имало 300 луѓе, е евакуирано, а жителите се префрлени во друг бегалски центар во блискиот Хермсдорф, изјави портпаролот на локалната власт за германската новинска агенција ДПА.
Полицијата соопшти дека во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот.