Иако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на суд ја победи државата Австралија, сепак се наоѓа во опасност од депортација. Претставникот на австралиските власти Кристофер Трен тврди дека сè уште не е сè завршено и дека министерот за имиграција Алекс Хок и покрај одлуката на судот има моќ да го депортира Новак од нивната земја.
Новак Ѓоковиќ на суд ја победи Владата на Австралија и одлуката за укинување на визата беше поништена, а судијата нареди негово итно ослободување.
По пет дена во хотелот за мигранти, каде што беше сместен до донесувањето на одлуката, Ѓоковиќ конечно ќе може да биде ослободен.
Сепак, се уште постои можност министерот за имиграциска политика Алекс Хок да го искористи својето дискреционо право и да го депортира Ѓоковиќ, што ќе биде познато наскоро.
Кој е Алекс Хок
Александар Џорџ Хок, како што гласи целото име на австралискиот министер, стана пратеник во локалниот парламент на 24 ноември 2007 година, како член на Либералната партија, во која членува од 1995 година. Во 2007 година, кога стана парламентарец, започна неговиот политички подем.
По искуството стекнато во парламентот, Хок постепено напредуваше и добиваше сè поважни функции во државата. Тој беше помошник министер за имиграција од 19 јули 2016 до 20 декември 2017 година.
Во мај 2019 година беше назначен за министер за меѓународен развој и помошник министер за одбрана, а една година подоцна, во декември 2020 година, стана министер за имиграција, државјанство, услуги за мигранти и мултикултурни прашања.
Потекнува од Балканот
Според неговата биографија, бабите и дедовците на министерот за имиграција во Австралија емигрирале од Грција во Австралија во 1953 година, како дел од миграцијата од Европа во Австралија по Втората светска војна. Мајката на Хок починала кога тој имал само 10 години, а татко му целосно се грижел за него, стои во биографијата.
Тој ја посетувал гимназијата Хилс, а потоа средно училиште Камберленд. Хок потоа студирал на Универзитетот во Сиднеј, каде што има диплома за уметност и магистер по државни и јавни работи. Во биографијата се додава дека тој се приклучил на резервната војска на австралиската армија на универзитетот, каде што служел шест години, по што бил ангажиран во Кралскиот австралиски оклопен корпус како поручник.
Тој го поддржа исфрлањето на учениците хомосексуалци од верските училишта
Австралиската јавност Хок го памети и по неговите контроверзни ставови. Така, во 2018 година, сегашниот австралиски министер за имиграција и мултикултурни прашања изјави дека силно ги поддржува правилата врз основа на кои на верските училишта им е дозволено да ги избркаат учениците кои се хомосексуалци, бисексуалци или трансродови.
Хок еднаш ја обвини првата муслиманска членка на австралискиот парламент, Египјанката Ен Али, дека се обидува да наметне „како нејзината различност е многу подобра од различноста на другите луѓе“.
Кога тамошната јавност го критикуваше за неговите расистички ставови, тој рече дека Лабуристичката партија, на која и припаѓа Ен Али, Хок „глумат бес, лажно тврдејќи дека е расизам за да се задуши дебатата“. Тој рече дека неговите политички опоненти се „фиксирани на идентитетска политика“.
Од одлуката на овој човек, Алекс Хок зависи дали Новак ќе оди на 21. титула на Австралија опен.
Откако е поразена бирократијата, на патот кон историската, десетта титула на „Ozi open“ и 21. најголем трофеј во белиот спорт, на Новак сега му стои само политиката.
Нема сомнеж дека во случај на учество на турнирот во Мелбурн, како што веќе убаво опишаа Ник Кирјос и Матс Виландер, Ѓоковиќ ќе биде многу мотивиран што противниците ќе бидат во големи неволји кога на другата страна на мрежата ќе се појави светскиот рекет број еден.