Започна четвртиот ден од војната во Украина. Според последните информации, руските војници влегле во Харков, вториот по големина град во Украина.
Руските сили влегле во Харков, вториот по големина град во Украина, соопштија локалните власти. Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синегубов, изјави дека лесни воени возила „упаднале во градот“.
Пред неговите изјави, се појавија снимки на кои се гледаат некои руски воени автомобили кои возат низ улиците на градот. Синегубов ги повика жителите да останат внатре, велејќи дека руските војници се чини дека се во центарот на градот.
„Не ги напуштајте засолништата! Вооружените сили на Украина го елиминираат непријателот. „Тие се молат цивилите да не излезат на улица“, рече тој.
Синоќа најразорниот ракетен напад се случи на Киев, но и на други поголеми градови во Украина. Имено, ниту Армијата на Украина не мируваше, па лансираше неколку тактички балистички ракети Точка-У во Доњецк, јавуваат светските медиуми.
Си-Ен-Ен објави дека шестгодишно момче е убиено во вкрстен оган во западен Киев во саботата вечерта. Според американските медиуми ова е најмладата жртва досега.
Во судирите во Киев се повредени и неколку лица, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извештајот на болницата Окматдит во градот.
Иако меѓународните претставници повикуваат на преговори, борбите не престануваат, се повеќе луѓе гинат, а украинското метро целосно ја презеде функцијата на засолниште.