Фудбалскиот клуб Челзи се најде во огромни проблеми откако британската влада воведе санкции за долгогодишниот сопственик Роман Абрамович.

Поради блискоста со рускиот претседател Владимир Путин, Абрамович стана „персона нон грата“ на Островот, а последиците од тоа ги трпи Челзи, чии сметки беа блокирани од банките.

Исто така, претходно на рускиот милијардер му беше забрането да го продава клубот, но сега од Британија пристигнуваат вести дека британските власти дале одобрение Роман Абрамович да продолжи да ги продава „сините“.

Според островските медиуми, Русинот се согласил да го продаде лондонскиот клуб за 3,5 милијарди евра.

Во исто време, на Челзи му беше дозволено да продолжи да се натпреварува под посебни услови и со привремена лиценца, што беше одобрено од британските власти.

Тамошните медиуми најавија дека на Абрамовиќ ќе му биде дозволено да го продаде клубот, но само под услов да му ја прости 1,5 милијарди фунти позајмица што му ја даде на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Како што се наведува, на тоа се согласил и Роман Абрамович, а процесот на продажба на клубот од Западен Лондон ќе продолжи.

By Author