Вчера во попладневните часеви се случила тешка сообраќајна незгода на патот Стари Град-Богомила општина Чашка.Сударот настанал помеѓу патничко возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(26) од с.Согле и патничко возило „опел астра“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П.(38) од Велес.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.П(79) од Велес, додека, двајцата возачи и уште двајца сопатници се здобиле со лесни телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Велес.
Во меѓувреме продолжува засилената акција на полициските службеници во оделот на сообраќај.Овој викенд биле санкционирани 312 возачи за возење над дозволената брзина надвор од населено место,најголемиот број ја прекорачиле брзината на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево исто така во акција за мотоциклисти СВР велес изрекле 24 казни од 15:00 до 20:00 часот додека на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 56 прекршоци на мотоциклисти.