Вчера на регионалниот пат с.Богородица-с.Стојаково двајцата осомничени, дваесет и четиригодишно лице и шестнаесетгодишно дете биле затекнати како прифаќаат 40 лица – илегални мигранти во камион „форд“. Со намера да ги превезат до македонско-српската граница, осомничените ги товарале илегалните мигранти во задниот товарен дел на возилото.
„По извршен преглед на возилото, полициските службеници утврдиле дека покрај возилото и во неговиот внатрешен товарен дел се наоѓаат четириесет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. Осомничените се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, односно судија за деца при Основниот кривичен суд – Скопје. Предметниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени“, велат од ОЈО.
По документирањето на случајот, против двете лица ке бидат поднесени соодветни пријави.