Во Берлин фрлен „молотов коктел“ врз синагога. Нападот во градската населбата Мите се случи во време на зголемени антисемитски инциденти во Европа и по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток. Еврејската заедница соопшти дека кон синагогата биле фрлени две запаливи направи. Непознати лица фрлале „молотови коктели“ од улица. Десетина полицајци вршеа увид, а целата улица беше блокирана за сообраќај.
Еврејската организација во Германија соопшти дека во инцидентот учествувале две лица, но не соопштија повеќе детали. Со соопштение се огласи и Централниот совет на Евреите во Германија во кој меѓу другото се шокирани од овој терористички напад
– Зборовите стануваат дела. Идеологијата на Хамас за истребување против се што е еврејско станува ефективна и во Германија – се наведува меѓу другото во оваа изјава.
Во комплексот згради на еврејската заедница во центарот на Берлин се сместени синагога, детска градинка, училиште и центар на заедницата. Полицијата, исто така, соопшти дека во текот на ноќта во судирите меѓу муслиманските имигранти и органите на редот во градските области Нојкелн и Кројцберг и во близина на Бранденбуршката порта се повредени неколку полицајци.
Полицијата во Берлин и низ цела Германија, како и на други места во Европа, ја зголеми безбедноста во еврејските институции. Покрај тоа, израелските знамиња кои се вееја во знак на солидарност пред градските собранија низ целата земја се соопштува дека се симнати и запалени, а на неколку згради во Берлин населени со Евреи на вратите и ѕидовите е нацртана Давидовата ѕвезда.
Во Рим полицијата евакуираше еврејско училиште по закана за бомба. Анонимните повици дека била поставена бомба вчера испразнија шест француски аеродроми, вклучувајќи ги и оние во Лил, Ница, Лион и Тулуз. Истиот аларм се огласи и во Версајската палата, трет пат во една недела.
Во Шведска психозата е значајна, а нејзините граѓани, без разлика дали живеат во земјата или во странство, живеат со постојана доза на страв дека би можеле да бидат мета на исламските терористи. Капитенот на шведската фудбалска репрезентација Виктор Линделоф веќе најави дека не е за продолжување на прекинатата игра против Белгија, кога во Брисел беа убиени двајца шведски навивачи.
Во исто време, француските власти соопштија дека 179 ученици не ја почитувале минутата молчење што на почетокот на оваа недела се одржа во сите француски училишта во врска со бруталното убиство на професорот по француски јазик и литература Доминик Бернар.
Меѓу нив, 68 направија особено тежок гест. Во училиштата беа поведени дисциплински постапки против сите, без разлика на степенот на нарушување, а во исто време беа поведени и 179 судски постапки.
ЗАКАНИ И ОД УЧЕНИЦИ
Еден средношколец му се заканувал на својот професор, додека друг, на пример, во врска со наставникот убиен во терористичкиот напад рекол дека „го добил тоа што го побарал“. Двајца симулираа кршење на прстите додека ја доставуваат поштата. Еден се сетил на Бин Ладен и го величел, а имало и такви кои не сакале да станат.