Угостителите конечно ќе ги огрее барем малку сонце од среда ќе можат да ги отворат своите тераси за гости. Комисијата за заразни болести поднесе предлог до кризниот штаб а тие го прифатија.Полицискиот час во наредните 14 дена ќе започнува во 21:00 со што граѓаните ќе можат да останат надвор час плус исто така за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам да нема полициски час.
Олеснувањето на рестриктивните мерки се очекува да добие зелено светло на утрешната Владина седница.-За претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, сабота кон недела и 12 кон 13 мај, нема да има полициски час и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Здравствените власти тврдат дека олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација. Исто така тој апелира до граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.