Министерството за надворешни работи на Кина на Безбедносниот форум Шангри-Ла во Сингапурповтори повтори дека тајванското прашање е суштински различно од прашањето за Украина, дека Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија и дека тајванското прашање е чисто внатрешно прашање на Кина што не дозволува никакви странски мешања.
„Никој никогаш не треба да ја потценува решителноста на кинеските вооружени сили да го зачуваат својот територијален интегритет“, рече кинескиот министер за одбрана Веи Фенг.
Тој во невообичаено остар говор на Безбедносниот форум Шангри-Ла во Сингапур, каде што се сретна со шефот на Пентагон, Лојд Остин, рече дека Кина ќе го „скрши“ секој обид за независност на Тајван.
– Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската армија нема да има друг избор освен да се бори по секоја цена, до последно и да ги преземе сите неопходни мерки за да го уништи секој обид на сепаратистите да го одвојат Тајван од татковината – истакна Веи.
Тој додаде дека тоа е единствениот можен избор за Кина.
– Оние кои продолжуваат да се залагаат за независност на Тајван со цел да ја подели Кина, сигурно нема да ја постигнат целта. Никој никогаш не треба да ја потценува решителноста и капацитетот на кинеските вооружени сили да го зачуваат својот територијален интегритет – подвлече Веи.