Едно лице загина, а 85 се повредени во судар на товарен и патнички воз во Каталонија вчера, соопштија шпанските власти и железничката компанија.

Службите за итни случаи известија дека помагаат да се евакуираат околу 100 лица од патничкиот воз.
Несреќата се случила околу 18 часот, на околу 15 километри од Барселона, главниот град на североисточниот регион, соопшти железничката компанија ФГЦ.

Товарен воз кој превезувал калиум излегол од шините додека навлегувал во станицата Сант Бои во североисточна Шпанија.

By Author