Видеата кои ги документираат насилните сцени што избувнаа по нападот утринава врз Израел ги преплавија социјалните мрежи.

Снимката геолоцирана од Си-Ен-Ен покажува како милитантите пукаат врз цивилите во јужниот израелски град Сдерот. Исто така, агенцијата Ројтерс објави видео на кое се гледа како вооружени Палестинци извлекуваат израелски војник од тенк, а потоа го клоцаат. Се чини дека тенкот е паркиран до оградата што ја дели Газа од Израел. На видеото е прикажан тенк Мерков, кој е борбен тенк што го користат израелските одбранбени сили.

https://twitter.com/PalHighlight/status/1710610969620041851?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1710610969620041851%7Ctwgr%5E1de292bdb680516f142e4d0431dbc6e20c37a037%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fuzasni-snimci-nasilja-iz-izraela-militanti-hamasa-pucaju-na-civile-izvlace-vojnike-iz-tenkova-i-sutiraju-ih-video%2F

Денес на интернет има многу слични видеа на кои се гледа како Палестинците напаѓаат и извлекуваат војници од тенковите.

Исто така, објавени се многу видеа на кои се гледа како Палестинците користат булдожери за да ја урнат граничната ограда на Газа.

Потсетуваме, во ненадеен напад, палестинската група Хамас утринава истрела голем број ракети од Појасот Газа врз неколку израелски градови, а досега во овој напад загинаа најмалку 22 лица, а речиси 300 се ранети.

Припадниците на Хамас се инфилтрираа и во населбите во јужен Израел, долж Појасот Газа, по што следеа напади на израелската армија врз Газа.

By Author