Најмалку 18 лица загинаа во поплавите што ги зафатија североисточна Индија и Бангладеш, оставајќи милиони куќи под вода, соопштија денеска властите, пренесува АП.
Во индиската држава Асам најмалку девет лица загинаа во поплавите, а уште два милиони останаа без своите домови, соопшти Државната агенција за управување со катастрофи.
Брахмапутра, една од најголемите реки во Азија, ги проби нејзините земјени насипи и поплави над 3.000 села и обработливо земјиште во 28 од 33 области на Асам.
Како што се наведува, во Бангладеш, чии окрузи во близина на границата со Индија беа најтешко погодени, девет лица ги загубија животите како последица од ударот на гром во петокот.
Водостоите на сите главни реки се зголемуваат, според Центарот за прогнозирање и предупредување за поплави во Дака, главниот град на Бангладеш, кој има околу 130 реки.
Двете земји побараа од војската да помогне во борбата против големите поплави, кои би можеле да се влошат бидејќи се очекува врнежите да продолжат во текот на викендот, според АП.
Минатиот месец, надојдените реки предизвикаа поплави узводно во североисточните држави на Индија, ги погоди северните и североисточните региони на Бангладеш, уништувајќи ги посевите, куќите и патиштата.
Земјата само што почна да се опоравува од таа катастрофа, кога новите дождови повторно ги поплавија истите области оваа недела, пренесува АП.