Најмалку шест лица загинаа, а десетици се повредени кога воз удри во автобус со јавен превоз во најголемиот град во Нигерија, Лагос, во четвртокот, соопштија нигериските власти.

До несреќата дошло кога машиновозачот на автобусот се обидел да помине и покрај сигналот за возот, објави Ројтерс.

„Две лица починале на самото место, четворица починаа во болница, а 25 лица се згрижени и префрлени во болници“, рече гувернерот на државата Лагос.

Сообраќајниот метеж е дел од секојдневниот живот во Лагос, каде што повеќето луѓе возат без да ги почитуваат правилата.

Во најнаселената африканска земја, многу патишта се лошо одржувани и преполни со дупки, што доведува до несреќи кои одземаат илјадници животи секоја година.

By Author