Експлодирала станица за ТНГ во Букурешт, Романија.
Снимката од експлозијата е застрашувачка.
Страшна експлозија на бензинска пумпа за течен гас во Букурешт: Има жртви, луѓето бегаат на сите страни
Романските медиуми јавуваат дека неколку експлозии проследени со пожари на станица за ТНГ се случиле во саботата вечерта во Креведија.
Директорот на Територијалната трудова инспекција во Дамбовижа, Мариус Ликсандру за „Адеварул“ изјавил дека според информациите со кои моментално располага, во делот каде што се случиле експлозиите немало станица за ТНГ или складиште, туку се работело „на улицата “.
„Тоа не беше станица за ТНГ, не беше магацин, колку што разбрав работеа на улица, точеа гориво од голем резервоар во помал, друго не знаеме. Не станува збор за правни форми“, ни рече директорот на ITM Dambovita, Мариус Ликандру.
Приближно три илјади луѓе се евакуирани од областа каде што се случија разорните експлозии во Креведија, област Дамбовица, бидејќи постои голем ризик да експлодира и третата цистерна за ТНГ. Во овој момент се уште гори пожарот во просториите на поранешната ТНГ станица, а пламенот е многу силен.
Едно лице загина, а 33 се повредени денеска во две експлозии на пумпа за течен гас во Креведија, во близина на Букурешт.
По првата експлозија, пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа, што предизвикало евакуација и блокирање на патниот сообраќај, информираат од Агенцијата за вонредни состојби (ИГСУ).
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 25 противпожарни возила, соопшти ИГСУ.
Четири лица се интубирани откако се здобиле со тешки изгореници, соопшти Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.
Во втората експлозија повредени се 26 пожарникари, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Раед Арафат, кој е одговорен за единицата за итни случаи.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации Раед Арафат изјави дека починатиот имал срцев удар, најверојатно поради паника и не изгорел од експлозијата.
„Еден пациент имал срцев удар на лице место, но не поради пожарот. Нема изгорени пациент. Во овој момент знаеме дека се повредени 26 пожарникари, а само еден е интубиран. Во болниците има и други интубирани пациенти, “ објасни Арафат.
Во овој момент, според Раед Арафат, е донесена одлука сите да се евакуираат на 700 метри, имајќи предвид дека во станицата за ТНГ се уште има резервоар за гориво и постои опасност да експлодира.