Руската страна наводно се придржува до прекинот на огнот.
Украинската армија систематски пука во хуманитарни конвои со бегалци и се обидува за нападите да ги обвини руската армија и силите на самопрогласените републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), изјави синоќа шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Руската Федерација.
„Украинските сили продолжуваат да отвораат оган врз хуманитарни конвои и се обидуваат да ја префрлат одговорноста за нивните нехумани дејствија на руската армија и единиците на ДНР и ЛПР“, рече Мизинцев, пренесе ТАСС.