Голема експлозија се случи во фабрика за метални производи во Бедфорд, Охајо.

Надлежните служби се на терен. Се стравува дека има жртви.

Не е познато што ја предизвикало експлозијата, која се случила околу 14 часот и 30 минути по локално време, ниту колку луѓе се повредени.

Соопштено е дека службите за итна помош побарале помош од неколку медицински хеликоптери, пишува Daily Mail.

Според сведочењето на граѓаните, се случиле две експлозии – првата била помала, а втората многу посилна, објави локалната телевизија Њуз 5.

На снимките на оваа локална телевизија се гледа дека ѕидот на фабричкиот комплекс е целосно уништен, а цигли и парчиња бетон се расфрлани по улицата и по паркираните автомобили.

Недалеку од Брадфорд, во близина на градот Источна Палестина, пред две недели се случи инцидент, кога воз со отровен товар излета од шините.

By Author