Турскиот оператор на нафтоводот „Ботас“ го изгасна пожарот на нафтоводот Киркук-Џејхан, по експлозијата што го прекина протокот на нафта во тој нафтовод во близина на југоисточната провинција Кахраманмарас, соопшти денеска операторот.

Експлозијата, чија причина е непозната, е најновата во низата прекини во снабдувањето, кои предизвикаа глобалните цени на суровата нафта да достигнат највисоко ниво во последните седум години, пишува Ројтерс.

„Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат, а пожарникарите и брзата помош работат на разладување“, рече Ботас.

Гасоводот ќе профункционира што е можно поскоро, откако ќе се преземат неопходните мерки на претпазливост“, се вели во соопштението и се додава дека причината за експлозијата на 511-от километар од гасоводот не е позната.

Европските фјучерси за нафта Brent, т.е. Договорите со фиксна цена за испорака на производи на одреден датум во наредниот период денеска пораснаа за 1,04 долари или 1,2 отсто, на 88,55 долари за барел.

Со овој гасовод се транспортира сурова нафта од Курдистан, која понатаму е наменета за извоз од турското пристаниште Џејхан.

By Author