Средина на декември е, а вие се уште не сте го украсиле домот за Нова година. Време е за уживање, што чекате? Од овие стапки земете ја елката, украсите, ѕвоната, подароците и фатете се за работа! Уживајте во украсувањето на вашиот дом. Секој украс што ќе го ставите на елката нека биде поставен со радост! Детали може да бидат венци во форма на зелени гранки од елка, свеќници, украсни топки, ѕвезди, светки, лакови, ѕвона, мотиви на Дедо Мраз, Снежана, ирваси, новогодишни елки, пакетчиња и подароци убаво завиткани и ставени под елката.

Уживајте, уживајте, уживајте! Новогодишната ноќ не зближува сите и сите членови на семејството конечно се заедно! Затоа извадите вашите елки од подрум или свежите и почнете да го разубавите и украсите вашиот дом. Прекрасните новогодишни елки отсекогаш биле главниот мотив кој ја илустрира новогодишната идила, зимските денови и новогодишните празници со заедничка опуштена семејна атмосфера. Новогодишната елка, без разлика дали е вистинска или вештачка, е централна декорација за новогодишната ноќ и претставува радост за целото семејство, од најмали до највозрасни. Украсувањето на елката е круна на разубавувањето на домот и еден од најубавите семејни ритуали кои ги правиме со надеж дека Новата година ќе започне со толкава среќа колку што ја украсуваме елката. Доколку имате камин, би било добро да го украсите со зелена гранка на која можете да закачите украси по желба. Или, можете да закачите неколку новогодишни чорапи на каминот како подарок.

Не заборавајте на трпезариската маса. Многу е важно тој како централно собиралиште на домаќинството, особено за празници, да има впечатлива декорација. Доколку е можно нека биде украсена со бор, со украсни топчиња и лампиони.

Исто така, за магијата да биде поголема, украсете ја вашата елка надвор и оставете вашиот двор да биде најубав за магичниот дочек на Новата година. Кога станува збор за дворот, не заборавајте да го осветлите убаво со што повеќе новогодишни светилки. Тие можат да бидат најобични, кои се наменети за надворешна употреба, а може да бидат и оние во вид на црева. Можете да ги завиткате околу оградата на терасата, на пример. Секој агол од вашата куќа, колку и да изгледа нспорно, треба да има барем една декорација. Дури и да е само една лампион, која сте го закачиле на рачката на некоја врата, ќе биде доволно.

Не заборавајте да ја декорирате влезната врата, особено вратата од детската соба. Светилките, се разбира, се пожелни во поголеми количини. Новогодишната ноќ треба да биде весела, а најлесно да го постигнете тоа е украсување на куќата внатре и надвор со светли бои. Новата година доаѓа во сите бои, а на вас е да го изберете вашиот фаворит. Новогодишната атмосфера може да се постигне со детали кои ќе се најдат насекаде околу нас.

By Author