Новата 2023 година веќе ја дочекаа Индија и Пакистан, како и Хонг Конг, Џакарта, Бангкок, Ханој и Пном Пен. Големи прослави беа организирани во пакистанските градови Исламабад, Лахоре и Карачи.
Прославите низ Азија го карактеризираат мотивот на зајакот, бидејќи во јануари поголемиот дел од континентот ќе ја слави Лунарната година на зајакот.
Пацифичките земји Самоа и Кирибати први ја дочекаа Новата година, во 11 часот по средноевропско време.
Пред жителите на Индонезија, Тајланд, Виетнам и Камбоџа, Новата 2023 година беше пречекана во Куала Лумпур, Манила, Шангај, Сингапур, Пекинг, Хонг Конг, Нов Зеланд, како и во Јапонија, Јужна и Северна Кореја.
Низ овие држави и градови беа организирани спектакуларни огномети.
Во голем стил влегоа во Новата година, а сцените од овие земји го обиколија светот. Голем број луѓе се собраа на отворено да ја испратат старата година и да ја дочекаат новата година.
Некои носеа и маски како мерка на претпазливост поради пандемијата на коронавирусот.
За прв пат по три години поради коронавирусот, голем број луѓе се собраа на отворено да ја дочекаат новата година, на масовени собири организирано.