Едно лице загина откако автомобил влета во капијата на руската амбасада во Букурешт.
По ударот автомобилот се запалил, а според првите информации возачот изгорел.
Како што беше прецизирано, инцидентот се случил околу 06.30 часот утринава по локално време. На лице место пристигнале пожарникари. Утврдено е дека во автомобилот бил само возачот.
Во моментов сообраќајот е ограничен на улицата каде што се наоѓа руската амбасада. Полицијата ги истражува причините за инцидентот.