Многумина негодуваат за ваквото однесување додека нивните сонародници ги трпат најтешките услови во Украина, каде што продолжуваат руските напади
Украинската елита деновиве убаво се забавува во францускиот ски-центар Куршевел. Украинските „бегалци“ се забавуваа во првите денови од 2023 година, а на каналот Телеграм и на Твитер се појавија фотографии и видеа од млади Украинци кои пијат алкохол од кристални чаши и шишиња, пеат, веат украинско знаме и добро се забавуваат. Како да успеаја да заборават дека нивните сограѓани ги водат најтешките битки против Владимир Путин и неговата руска војска на украинска територија.
Странските медиуми пишуваат дека зимувањето во ова, едно од најскапите одморалишта чини поприлично. Така, организацијата на надворешно јадење и пијалоци со музика и веење знаме таму би чинела 20 илјади евра.
„Денеска околу три часот попладне во луксузен ресторан во Куршевел, една голема маса била окупирана од луѓе кои зборуваат украински. Тие нарачале шест кристални шишиња луксузен шампањ, а имале и украинско знаме и песна во која се повикува на смрт. И вчера беше објавена слична снимка,ама јас мислев дека е монтажа. Ама не беше. Денес ја видов сам.Шокиран сум.Не знам какви Украинци се ова,може некој ќе ги препознае нив или нивните деца во луксузни бунди. Многу од нив се работоспособни, па ми се чини дека тие и украинските власти ќе имаат за што да разговараат“, пишува еден извор кој случајно се нашол на местото на настанот.
Многумина им замеруваат за ваквото однесување додека нивните сонародници ги трпат најтешките услови и седат во страв, без струја и парно во Украина, чекајќи нови напади.