Македонците повторно се собраа вечерва на улиците на главниот град за да протестираат против францускиот предлог со кој ќе се отстрани ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија.

Граѓаните сметаат дека овој предлог е штетен за државните и националните интереси, поради што шести ден по ред се собраа пред зградата на Владата. Протестот денес започна од пред Министерството за правда, за потоа да пешачеа и го завршија протестот пред Собранието.

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој исто така вечерва протестира на протестот, рече дека силата не е во насилството, туку во толпата.

„Насилството е предавство на вредностите во кои веруваме и веруваме на мирен и демократски начин на изразување на незадоволството од она што ни го подготвува оваа ненародна власт“, ​​рече Мицкоски.

Во контекст на настаните од вчера, граѓаните им набавија “мети” на пукачите од вчера“Тука сме”!

Ивица Боцевски за време на денешниот говор на протестот пред Собранието на Република Македонија, најави блокади низ цела Македонија.

Непроодни ќе бидат и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп блокадите ќе започнат од 13 до 14 часот според првичниот план.

Денес за разлика од предходните денови протрстите завршија мирно.

By Author