Најмалку 11 лица загинаа во голема експлозија на градски гасовод во централна Кина, соопштија властите.

Експлозијата се случила околу 06:30 часот по локално време во областа Зангван во градот Шиен во провинцијата Хубеи, според локалните власти.

Последна информација е дека спасени се повеќе од 100 лица од урнатините, вклучувајќи 37 со сериозни повреди.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи од местото на настанот се гледа како спасувачите трагаат по преживеани под урнатите куќи.

By Admin