Не е познато што го предизвикало потресот.
Во Вашингтон се слушаат низа експлозии, а според првите информации изгледа како земјотрес или пробивање на звучната бариера.
Десетици луѓе пријавиле дека слушнале голем „тресок“ или „експлозија“.
Жителите на блиските Мериленд и Вирџинија пријавиле дека слушнале голема експлозија по 20 часот по локално време.
Според „Дејли мејл“, полицијата за повеќе информации ќе ја повика Федералната управа за авијација.
– Немаше проверени инциденти од каков било вид, а проверуваме и кај други надлежни органи. Ќе ве известиме за дополнителни информации – изјави началникот на полицијата на градот Боуви, Мериленд.
Според последните извештаи, се претпоставува дека до силната експлозија дошло поради пробивање на звучната бариера.