Земјотресот е регистриран на длабочина од 40 километри
Најмалку седум лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди округот Лудинг во југозападниот дел на кинеската провинција Сечуан, јавува кинеската телевизија CTV.
Кинескиот центар за земјотресна мрежа претходно соопшти дека земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил планинската област во западен Сечуан, пренесува Ројтерс.
Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот.
Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC
Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди градот Јан, во близина на Лудиг, соопшти центарот.
Силен земјотрес го погоди јануари 2013 година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа, а илјадници беа повредени