Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Лузон, соопшти Американскиот геолошки институт, предизвикувајќи голема штета на болница и неколку згради на северот на земјата, а најмалку едно лице е повредено. пренесоа агенциите.

Засега нема информации за можни жртви на земјотресот, чиј епицентар бил на околу 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс.

Според извештаите на локалните власти, болница во провинцијата Абра била евакуирана откако дел од зградата се урнала, но нема повредени.

Еден постар човек ја повредил ногата и е пренесен во болница, изјави за АП Михаел Брилантес, претставник на локалните власти во градот Лагангиланг, во Абра, кој е во близина на епицентарот.

Брилантес рече дека многу куќи и згради имаат пукнатини во ѕидовите, а некои се урнати.

By Author