Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јадранскиот брег во близина на италијанскиот град Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на околу 64 километри источно од Римини, додава EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема извештаи за потенцијални жртви и материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, особено на брегот, но и во централна Хрватска, како и во Словенија и Босна и Херцеговина, пишува Индекс.