Ширењето на епидемиите како што се мајмунските сипаници станаа почести од вообичаено поради климатските промени, изјави Мајк Рајан, извршен директор на Програмата за итни случаи на здравје на СЗО.

Тој даде и подетално објаснување зошто е тоа така
– Климатските промени придонесуваат за брза промена на временските обрасци, а тоа води, на пример, до суша. Во променети услови, животните и луѓето го менуваат своето однесување во потрага по храна. Како резултат на тоа, болестите карактеристични за животните се пренесуваат на луѓето – рекол Рајан, пренесува весникот „Известија“.

На 31 мај, Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге изјави дека не можеме да бидеме апсолутно сигурни дека ширењето на мајмунските сипаници ќе биде спречено и предупреди дека стапката на ширење на болеста во текот на летото може да се зголеми.

Според него, земјите масовно укинале многу рестрикции поради корона вирусот, што значи дека во летната сезона ќе се одржуваат настани со голем број луѓе, што е ризично.

Првиот смртен случај од мајмунски сипаници е регистриран во Нигерија на 29 мај.

Вирусот на мајмунски сипаници почна да се шири во неколку западноевропски земји и други континенти.

Случаи на инфекција неодамна се пријавени во Австралија, Белгија, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Канада, Италија, Португалија, Франција, САД, Шведска и Швајцарија.

Руските здравствени власти ја оценија веројатноста за ширење на болеста во Руската Федерација како мала.

На Русите им било советувано да избегнуваат контакт со глодари и примати, кои се потенцијални носители на мајмунските сипаници, пишува весникот „Известија“.

By Author