Авион Боинг 737 со повеќе од 130 патници се урна во јужна Кина.
Според досегашните информации, авионот на летот MU5735 на China Eastern Airlines летал од Кунминг за Гуангжу.

Локалните медиуми пишуваат дека во авионот имало 133 патници, но во моментов не се знае дали има жртви.

Кинеската телевизија CCTV објави дека авионот имал „несреќа“ во областа Гуангкси и дека е снимен пожар во тој планински регион. Како што се наведува, додаваат дека спасувачките екипи се на пат кон местото на несреќата.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ чад во планините на местото каде што наводно се урнал авионот.

By Author