Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти полицијата.

Судирот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога имало многу семејства кои уживале во летниот училишен одмор во забавниот парк, пренесува Sky News.

Едниот хеликоптер се урнал, а другиот успеал безбедно да слета, се наведува во соопштението на полицијата во австралиската држава Квинсленд.

Прегледани се 13 пациенти кои се здобиле со повреди во несреќата, соопшти службата за брза помош во Квинсленд.

Австралиското биро за безбедност на транспортот ја истражува несреќата, соопштија властите. Регионот Голд Коуст е најпосетуван во јануари, кога е сезона на одмор во текот на летото во Австралија.

By Author