3.407 термини за вакцинација останаа не реализирани имено од 18.925 лица кои се пријавиле за имунизација околу 20 проценти од граѓаните не се појавиле на терминот, од засега непознати причини дали поради здраствени проблеми или едноставно се премислиле не се знае за тоа според надлежните ќе треба да разговараат со матичниот лекар ако решат да се пријават повторно.
Од МЗ велат дека и покрај тоа што не се појавиле на својот термин овие граѓани ќе имаат повторно можност за вакцинација.
„Можност за вакцина ќе имаат, им следува, но треба да се пријават директно на веб страната или преку матичниот лекар кој ќе им закаже преку Мој термин. Ќе чекаат повторно да дојдат на ред во зависност од термините по старосните групи. Во меѓувреме приоритет се оние кои веќе добиле термин.
Моментално на располагање стојат 2000 вакцини на Синофарм кои пристигнаа вчера како донација како и 5000 вакцините на спутник и Астра Зенека.Овие вакцини ќе бидат распоредени во пунктовите низ државата.До крајот на месецот преку директно купување од Пекинг се очекува да се набават уште 200.000 вакцини од кинеската вакцина Синофарм.
Според планот на МЗ до денеска во спортската сала Борис Трајковски каде се одвива масовна имунизација, се вакцинираа граѓани кои се вработени во АРМ, полиција, воспитувачи, наставници, вработени во медиуми, во правосудниот систем и Собрание. Од утре продолжува имунизација според возраста. Како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи најави министерот.
До сега над 26 000 граѓани се вакцинирани од почетокот на процесот на имунизација, додека околу 160 000 други кои се пријавени, чекаат термин за вакцинација