Се преврте автобус на релација с.Драгожани кон Демир Хисар, според првичните информации пријавено е дека возачот на автобусот кој превезувал вработени од тутунска компанија неофицијално станува збор за компанијата “Сокотаб” се обидел да избегне судир.
Имено до несреќата дошло денес во 14:25 часот откако автобусот кој ги превезувал работниците за да избегне судир со трактор излетал од коловозот и се превртел.
Во моментов нема пријавени повредени патници велат од МВР,додека пак од брзата помош во Битола потврдуваат дека немаат примено повредени од несреќата.
Во моментов се врши увид на лице место.