Француски пожарникар загина во неделата вечер обидувајќи се да изгасне запалени автомобили во подземна гаража северно од Париз, додека немирите во француската престолнина продолжуваат шеста ноќ по ред поради полициското убиство на тинејџер од алжирско-мароканско семејство.

Во оваа прилика се огласи францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, кој рече дека неговите мисли „се насочени кон јавните службеници, кои се мобилизирани дење и ноќе, за да се врати мирот“, пренесе Гласот на Америка.

Властите соопштија дека полицијата уапсила повеќе од 150 луѓе ширум земјата во немирите во текот на ноќта, многу помалку од претходните денови, а тројца полицајци биле повредени, исто така значително помалку од претходната ноќ.
Тинејџерот со алжирско-мароканско потекло Нахел Мерзук бил убиен од полицаец во вторникот во Нантер, бидејќи наводно не сакал да го запре автомобилот.

By Author