ЕВРОПСКАТА Централна Банка (ЕЦБ) е подготвена да го обнови дизајнот на своите евро банкноти со отфрлање на темата „прозорци и мостови“ што се појавуваше на банкнотите во последните 21 година.
Претходната тема ќе биде заменета со еден од седумте дизајни претставени од ЕЦБ, кои имаат мотиви од светот на природата, како птици и реки, до иднината на Европа и „заедничкиот европски идентитет“, како што наведува ЕЦБ .
Отворена е јавна расправа за новиот дизајн на банкнотата, која ќе трае до крајот на август, а сите граѓани на еврозоната можат да гласаат на веб-страницата на ЕЦБ. Како што наведуваат од ЕЦБ, покрај тоа истражување, за изгледите ќе одлучуваат и дискусии во одредени фокус групи.
Фабио Панета, член на Извршниот одбор на ЕЦБ, рече дека се работи на „нова серија високотехнолошки банкноти чија цел е да се спречи фалсификувањето и да се намали влијанието врз животната средина“.
Конечната одлука за изгледите ќе ја донесе Управниот одбор на ЕЦБ во 2024 година.
Шест од седумте предлози беа изготвени од група експерти назначени од ЕЦБ на крајот на 2021 година. Овие беа избрани од списокот од 29 оригинални предлози, а Управниот совет на ЕЦБ додаде уште еден – „европска култура“.
Инаку, птиците тесно загубија на првиот натпревар за изглед на евро банкноти пред две децении.
sputnikportal.rs