Танкер со нафта се запали во вторникот наутро во провинцијата Самут Сонгхрам во Тајланд, при што едно лице загина, а најмалку четворица се повредени.
Во големата несреќа исчезнале најмалку седум лица, а биле 22 на танкерот Smooth Sea кој превезува нафта.
Имено, прво се слушнала силна експлозија, а потоа избувнал пожар. Ударот ги потресе и населбите долж брегот, пренесува Ројтерс.
Засега не е позната причината за експлозијата на танкерот закотвен во Тајланд.
На снимката објавена на социјалните мрежи, може да се види густ, темен чад како се издига над бродот додека властите се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Повеќето од жртвите се морнари од Мјанмар, соопштија локалните власти, додавајќи дека во моментот на експлозијата вршеле поправки на бродот.