Во саботата, Русија го презеде месечното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на април, што украинските власти го оценија како „шлаканица за меѓународната заедница“.
„Руското претседателство со Советот за безбедност на ОН е шлаканица за меѓународната заедница“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Според него, членките на Советот за безбедност на ОН мора да „спречат секој обид на Русија да го злоупотреби своето претседателствување“.
Критиките од Киев, сепак, не ја спречија Москва од Мозамбик да го преземе ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН.
Во текот на април со Советот за безбедност ќе претседава шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.