Светската музичка дива Селин Дион во саботата објави дека го одложува северноамериканскиот дел од нејзината турнеја Courage поради здравствени проблеми.

„Навистина се надевав дека сум подготвена за сцената, но сфатив дека морам да бидам потрпелива“, изјави пејачката.

Ѕвездата од Квебек, Канада, прво мораше да ја одложи турнејата поради пандемијата, а потоа ги одложи настапите во Лас Вегас помеѓу ноември 2021 и февруари 2022 година.

Турнејата требаше да продолжи на 9 март со настап во Денвер и други 15 американски и канадски градови до 22 април.

Поради споменатите здравствени проблеми, кои не стивнуваат, пејачката на Твитер објави дека и треба многу повеќе време да закрепне отколку што мислеше. Пред избувнувањето на пандемијата во март 2020 година, Селин Дион забележа 52 настапи.

Европскиот дел од турнејата треба да започне на 25 мај во Бирмингем.

Ќе бидам многу среќна кога ќе закрепнам, кога пандемијата ќе биде зад нас и кога повторно ќе се качам на сцената“, изјави музичката дива.

By Author