Недела 7 ноември еден од најдобрите ракометари на 21 от век ќе се дружи со своите обожаватели во East Gate Mall. Имено обожавателите на македонската легенда Кирил Лазаров ќе добијат ретка можност да имаат потпишана верзија на автобиографијата на ракометниот ас.
Најдобриот стрелец во историјата на Лига на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот во соработка со српскиот новинар и уредник на ” balkan handball ” Жика Богдановиќ на хартија ја пренесе својата животна и ракометна приказна во автобиогравското дело “Секогаш на победа”.
Oд родното Свети Николе, преку Барселона од квалификациски турнири до европски и светски првенства па се до Нант каде наредната 2022 ќе ја заврши кариерата,барем таков е планот.
Во книгата на интересен начин се опишани бројни анегдоти, лекции и искуства кои треба да бидат водич за идните генерации не само на ракометари туку на сите спортисти. Книгата која љубителите на спортот со нетрпение ја очекуваа ке биде достапна во книжарниците на Литература. Недела 7 ноември во 16 часот East Gate Mall се гледаме таму.