Во полициска акција спроведена во источниот турски град Ерзурум, уапсени се пет ирански државјани, откако во нивните тела биле пронајдени 683 капсули со дрога со вкупна тежина од 6,95 килограми.
Екипи на одделението за борба против наркотици запреле возило со сомнителни лица на автопатот Ерзурум-Ерзинџан, а во автомобилот имало тројца ирански државјани, јави Анадолија.
При претресот пронајдени се лекови за „прочистување на цревата“ и лекови кои „даваат чувство на ситост“.
Полицајците ги привеле иранските државјани, кои потоа биле префрлени во болница.
Рендгенските снимки покажале дека осомничените во телото имале 62 капсули хероин и 210 капсули опиумски афион.
На видеата може да се види дека капсулите со дрога се рашириле на речиси сите внатрешни органи на осомничените.
Лекарите и полицијата биле изненадени бидејќи, како што рекоа, досега не виделе толкаво количество дрога во тело на човек.
Дрогата била извадена од телото на осомничениот со методот на празнење на цревата.
Полицијата во Ерзурум приведе уште двајца Иранци, кај кои во телото биле пронајдени 411 капсули со афион.
При прегледот, осомничените рекле дека дрогата им била внесена во телото додека биле во несвест и дека не знаеле колкава количина дрога им била внесена во телото.
По кривичната истрага, шверцерите на дрога се приведени.