Дали навистина сите се загрижени за војнате во Украина, и дали навистина за се е виновна Русија. Додека беснее војната во Украина, Европа доживува вистински енергетски кошари, америчкиот долар ќе го пробуши плафонот.

ОН не можат да потврдат дали се работи за саботажа
ОН немаат начин да ги потврдат тврдењата дека гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ биле предмет на саботажа и се надеваат дека истекувањето на гасот ќе биде запрено, изјави на прес-конференција портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.

Захарова: Дали САД стои зад несреќата на гасоводите?
Американскиот претседател Џозеф Бајден е должен да одговори на прашањата дали САД ја реализирале својата закана да се ослободат од Северен тек и дали Вашингтон е вмешан во последните несреќи на гасоводите на системот Северен тек, изјави денес потпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Северен тек 1 неповратно уништен?
Се зголемуваат стравувањата дека гасоводот Северен тек 1, кој води од Русија до Германија, би можел да биде трајно неупотреблив по оштетувањето на цевките на дното на Балтичкото Море. Ако истекувањето на гасот од двата цевководи не се санираат многу брзо, големи количини на морска вода што влегуваат во цевките ќе предизвикаат корозија што може да го направи гасоводот трајно неупотреблив, изјави извор од германската влада за весникот Тагесшпил.

Шведска отвори истрага за истекувањето на Северен тек
Шведската национална полиција отвори истрага за истекувањето од гасоводот Северен тек, откако властите во Стокхолм сугерираа дека „експлозиите“ биле „веројатно намерен чин“. За инцидентот е поднесен полициски извештај, а случајот моментално го разгледува шведското Јавно обвинителство, објави Си-Ен-Ен.

„Правната квалификација во моментов е груба саботажа, но тоа може да се смени“, велат од полицијата.

Сеизмолог: Една од експлозиите на гасоводот одговара на 100 килограми динамит
Една од експлозиите на дното на Балтичкото Море во близина на гасоводот „Северен тек“ е еквивалентна на експлозија на повеќе од 100 килограми динамит, изјави сеизмолог од шведскиот универзитет Упсала.

By Author